Интерен систем на управување со животната средина
ПроКредит Банка воспоставува пристап за подобро разбирање и подобрување на одржливоста на нејзиното сопствено користење на енергија и влијание врз животната средина. При редовно реновирање на нашите експозитури, како и изградба на нови, посебно обврнуваме внимание на енергетско ефикасните решенија кои истовремено придонесуваат и за подобрување на работната атмосфера.
Централната Управа на ПроКредит Банка е опремена со системи за енергетско регулирање коишто автоматски ја редуцираат потрошувачката на енергија потребна за осветлување, загревање и ладење. Овие мерки доведуваат до максимално користење на дневната светлина и регулирање на потрошувачката на енергијата за ладење и греење во и надвор од работно време.
Oвој објект беше изграден со користење на енергетски ефикасни материјали и опрема, како што се: енергетски ефикасна изолација, прозорци и светилки, како и геотермални топлински пумпи за греење и ладење, кои дополнително ја намалуваат потрошувачката на енергија. Преку 60% од нашиот возен парк се автомобили на електрична енергија, додека пак струјата која ја користиме за нивно напојување е произведена од сопствена фотонапонска централа со капацитет од 24.5 kW поставена на кровот на нашата Централна Управа.
Прашањата во врска со животната средина претставуваат суштинска компонента на обуката што се обезбедува за вработените на ПроКредит Банка на локално, регионално и меѓународно ниво. Беше лансирана и специјална интерна кампања со ‘’зелени’’ иницијативи, за да се подигне свеста за животната средина меѓу вработените. Кампањата го истакнуваше значењето на енергетската ефикасност и нејзиното влијание врз подобрувањето на животот, преку прикажување примери како да се намали користењето на енергијата дома и на работа. Дополнително на ова, маркетинг тимот на банката дистрибуираше налепници за електричните апарати и канцелариската опрема, како што се печатачите и персоналните компјутери, коишто на вработените им служат како потсетници да ги исклучуваат овие апарати и опрема кога ја напуштаат канцеларијата или кога истите не се користат. Освен тоа, вработените на ПроКредит Банка спроведоа неколку зелени иницијативи за чистење на различни локации низ Македонија.