Hive Room е бесплатен co-working простор посветен на поддршка на стартапите и фриленсерите. Неговата примарна цел е да ја поттикне размената на идеи и знаења, негувајќи динамична заедница која ќе донесе позитивни промени и ќе го поттикне општествениот развој.
Просторот обезбедува инспиративна работна средина која е создадена да ја подобри продуктивноста и креативноста на фриленсерите и стартапите.
Hive Room е заедничка иницијатива која ги вклучува ProCredit Bank, Quipu и Mastercard. Ова партнерство е посветено на поддршка на локалната заедница, поттикнување на иновациите и забрзување на растот на локалните бизниси.
Сега стартапите и фриленсерите можат да користат бесплатен coworking простор на две локации – во центарот на Скопје и во општина Аеродром.
HiveRoom – Centar се наоѓа на бул. „Партизански одреди“ бр.17, како дел од The Hub by Adeva. Тука, меѓу работните клупи на The Hub, имаме обезбедено 2 позиции за нашата Hive заедница. Овој простор може да се користи од понеделник до петок, од 9 до 17 часот.
Hive Room - Аеродром се наоѓа на бул. „3-та Македонска бригада“ бр.60, како дел од Стартап клуб Македонија. Современиот деловен простор е опремен со шест флексибилни работни станици кои можат да се користат заеднички за тим или независно од шест поединци. Просторот може да се користи од 8 до 23 часот од понеделник до петок и од 12 до 23 часот во сабота и недела.
Изберете начин на аплицирање, било како стартап бизнис или фриленсер, пополнете го формуларот и испратете ја вашата апликација. Некој од нашиот тим ќе ве контактира за подетални информации.