
ProCredit Direct: Банка директно во Вашиот мобилен телефон!
Ако сте професионалец во својата работа, имате исполнета агенда во текот на денот и немате време за во банка, ПроКредит Банка е вистионскиот избор за Вас. Отворете ја Вашата сметка онлајн, посетете не во нашите филијали само при подигнување на Вашата картичка и продолжете да ги користите сите наши услуги електронски.
За сите приматели на плата нудиме Сет банкарски услуги кој вклучува голем број на поволности
1. Трансакциска сметка во денари и евра
2. Е-банкарство и мобилна апликација
3. MasterCard Debit картичка поврзана со Вашите сметки
Со оваа картичка може бесплатно да повлекувате евра на сите наши банкомати и бесплатно да ги користите банкоматите на сите банки во земјата (до 3 пати во еден календарски месец)
4. СМС Нотификации за сите плаќања со Вашата картичка
5. Неограничен број на трансфери во земјата со 0 ден провизија (кон сите банки во земјата)
6. Дозволено пречекорување на сметка до 2 плати во мунус (за приматели на плата над 500 евра или сопственици на бизнис)
7. Штедна сметка по видување со најповолна камата на пазарот 0,8% за МКД и 0,4% за ЕУР
Со оваа штедна сметка управувате директно преку Вашето е-банкарство. Истата е одлична за градење на навика за штедење и акумулирање на заштеда за идни планови, како патувања, школувања на децата, нов автомобил и слично. Парите на оваа штедна сметка може да ги користите во секое време без дополнителни провизии и пенали и тоа на само еден клик преку Вашето е-банкарство.
Сетот банкарски услуги Ви е достапен за само 300 ден месечна провизија.
Се што треба да направите е да аплицирате за сметка на следниов линк и да го очекувате нашиот повик!