ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА
Да ја започнеме заедничката соработа со Вашата основна трансакциска сметка. Со поседување на оваа сметка имате можност за едноставен и брз платен промет во земјата и странство, пристап до останатите услуги на банката, како и можност да добиете бесплатен личен советник кој ќе Ви помогне во целосната работа на Вашиот бизнис.
Што добивате со трансакциската сметка во ПроКредит Банка?
- Брзо и едноставно извршување на налози за плаќања: интерно во рамки на банката, кон други банки во земјата и странство
- Извршување на готовински трансакции
- Користење на краткорочни дополнителни средства на сметка (минусно салдо)
- Можност за користење на системот на електронско банкарство кој Ви овозможува следење на состојбите на Вашите сметки, преглед и печатење на изводи и можност за електронски плаќања во секое време, дури и по работното време на експозитурите, за време на викенди и празници
- Камата на позитивно салдо на трансакциска сметка и можност за орочување на депозити со фиксни каматни стапки
Како да отворам трансакциска сметка на правно лице?
Лицето кое е овластено да го застапува претпријатието потребно е да ја посети која било експозитура на ПроКредит Банка заедно со документите наведени подолу (види локации на експозитури).
Потребни документи за отворање на трансакциска сметка на правно лице:
Документи што ги обезбедува клиентот:
- Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 3 месеци, издадени од Централен регистар
- ЗП Образец, заверен на нотар
- Документ за идентификација на законскиот застапник (лична карта или пасош)
Потребни документи за отворање на нерезидентна сметка:
- Документ за регистрацијата од домицилната држава преведен на овластен преведувач и не постар од 6 месеци
- Овластување за застапништво, издадено од странската фирма, преведено од овластен преведувач и не постаро од 6 месеци
- Документ за идентификација - пасош од законскиот претставник или овластено лице со приложено оригинално полномошно, преведено од судски преведувач и заверено на нотар
- Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 3 месеци, издадени од Централен Регистар