ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е ПОВАЖНА ОД ПРОФИТОТ

1

 

И пред пандемијата, но и во последниот период кредитниот раст во земјава има солидни стапки. Банките беа поддржувачи на економскиот раст со кредити кон приватниот сектор што всушност беше доста значајно особено во периодот  по рестрикциите во движењето и економската криза предизвикана од  корона вирусот. Сепак во земјава ретко која банка внимава на проценката на финансираниот проект врз животната средина, или на поширокиот социјален аспект на опшетството, практика која веќе е во приоритетите на финансиски институции во развиените земји.

Од ПроКредит банка за Фактор велат дека банката се фокусира и на тој аспект од кредитирањетоБанката има дефинирана листа на дејности со кои не влегуваат во деловна соработка, и покрај тоа што тие се законски дозволени,  какви што се на пример, изградба во национални паркови и во други заштитени зони, ловишта и трговија со заштитен дивеч, рудници, производство  на пластични производи за една употреба, инвестиции во игри на среќа

„Банките секогаш се обидуваат да исплатат што е можно повеќе кредити и да пораснат со кредитното портфолио, притоа анализирајќи ги само економските принципи на исплатливост на инвестицијата и сигурната наплата на кредитот. Порастот на кредитното портфолио и редовната наплата на кредитите им овозможува на банките непречено генерирање приходи и реализација на поголеми профити. За жал, проценка од страна на банката за тоа какво е влијанието на финансираните проекти врз животната средина, во какви услови работат работниците или како дејноста придонесува кон општеството и опкружувањето речиси и да не се прави, вели Јованка Јолеска Поповска, претседател на надзорен одбор на ПроKредит Банка.

Додава дека поради ваквото еднострано разбирање на кредитирањето се повеќе се финансираат инвестиции од кои има и еколошка штета и не се сосемa безбедни за здравјето.

Од мали хидроелектрани, до проекти кои промовираат искористување на јаглен, производства со штетни емисии – практиката на промоција и финансирање на вакви проекти не е непозната во речиси сите земји од Западан Балкан. Во земјава со години преку такви финансирани проекти се урбанизираа природни средини, заштитени зони или национални паркови. Од друга страна, објаснува Јолеска Поповска, банките финансираат проекти со парите на штедачите, што носи дополнителна одговорност за општетсвото и за средината во која егзистираат.

„Мора да постои принцип на процена и контрола, кој ќе обезбеди дeка овие средства се инвестираат во долгорочно одржливи проекти. Одржливост на еден финансиран проект не значи единствено економска, туку и еколошка и социјална одржливост. Доколку само една од овие три компоненти не се исполнети, не може да стане збор за одговорено и долгорочно одржливо финансирање. За ова воопшто  не се зборува во нашиот  банкарски сектор вели Јолеска Поповска

Секој тип на инвестиција или деловна активност во заштитетна зона, без разлика колку таа е профитабилна за инвеститорот или пак вработува локално население, не смее да остави трајни последици на и онака загрозениот биодиверзитет во зашититените зони.

Производството на пластични производи за еднократна употреба, како на пример пластични чаши, прибор за јадење, сламки или кеси е уште една дејност што не ја финансираме. Сведоци сме на степенот на штета што ни се нанесува од прекумерното количество пластичен отпад. За пластиката целосно да се разгради, треба да поминат и неколку стотици години, а во меѓувреме, таа како микропластика ни се враќа назад на трпезата преку ланецот на исхрана.

Дејностите што се занимаваат со игри на среќа се останата категорија, која поради социолошките ризици што ги носи, комплетно е исклучена за соработка од страна на банката, и покрај тоа што е законски дозволена активност.

Свесни сме дека сите овие дејности кои за пример ги наведов се законски возможни, но не се одржливи поради социо-еколошките ризици што ги носат, и ние не би сакале да имаме никаков удел во нивното финансирање вели Емилија Спировска, член на Управниот одбор на банката.

Двете се согласуваат дека и покрај тоа што банките, водејќи се од потребата да генерираат поголем профит ретко размислуваат во оваа насока, се надеваат дека таквиот пристап ќе се смени во иднина. Максимизацијата на профитот не смее да е единственото мерило за успех. Долгорочната одржливост и заштитата на животна средина мораат да бидат поважни од профитот.