Известување за предвремена исплата на пензии

1

ПроКредит Банка АД Скопје денес 28.09.2021 изврши исплата на пензиите за месец септември.

Клиентите на банката може да ги користат пензиите веднаш преку MasterCard картичките на банкоматите од сите банки во земјата без провизија до 3 пати во месецот.

Дополнително на клиентите на банката им стојат на располагање и платформите за електронско и мобилно банкарство 24/7, како и можноста за користење на своите платежни картички за секаков тип на безготовински трансакции онлајн или во продажните објекти во земјата и странство.