Групацијата ПроКредит се придржува на Партнерството за сметководствени финансии за јаглерод (Partnership Carbon Accounting Financials)

  • Стандардизиран пристап за мерење и откривање на емисиите на стакленички гасови поврзани со сопственото портфолио на кредити и инвестиции кои треба да се воведе во целата група
  • Партнерството за сметководствени финансии за јаглерод (PCAF) е глобална индустриска иницијатива за стандардизација на мерки и откривање на емисиите на стакленички гасови за финансискиот сектор. Со повеќе од 140 банки и инвеститори од пет континенти, иницијативата продолжува да расте во Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Африка и Пацифичка Азија

 

Франкфурт на Мајна, 8 Септември 2021 - Уште од своето основање, групацијата ПроКредит се стреми да промовира еколошки чувствителен економски развој на пазарите во развој на кои работи.  ПроКредит банките се пионери во однос на интегрирањето на размислувањата за климатските промени во нивните односи со малите и средни претпријатија (МСП), како и во нивните внатрешни активности.

Групацијата ПроКредит, која е главно активна во Југоисточна и Источна Европа, повеќе години известува транспарентно за различни нефинансиски показатели и активности насочени кон одржливост на своите деловни активности во согласност со ГРИ стандардите („основна“ опција) (Извештај за влијание на ПроКредит 2020).

ПроКредит Банките ги фокусираат своите банкарски односи на МСП кои ги исполнуваат строгите стандарди за ЕСГ и кои имаат најголем потенцијал да создадат еколошки одржливо богатство и вработување во локалните економии. Кредитните активности на банките особено поддржуваат инвестиции во иновативни и зелени технологии. Портфолиото на зелени заеми веќе претставува приближно 20% од вкупното портфолио на групацијата.

Како дел од стратегијата за справување со климатските промени, групацијата ПроКредит разви свој пристап за проценка на избегнување на емисиите на стакленички гасови (СГ) и заштеда на енергија посебно постигната преку зелени инвестиции направени од МСП на пазарите во развој. Сега, спроведувањето на меѓународно призната методологија PCAF за сметководство на емисиите на стакленички гасови дополнително ќе ја зголеми транспарентноста во нејзините комуникации во врска со аспектите на одржливоста на вкупното портфолио на заеми и сопствените инвестиции.

„Економскиот развој во земјите во кои работиме генерално вклучува зголемена побарувачка за енергија доколку не се компензира со енергетски ефикасни инвестиции или инвестиции во обновливи извори на енергија. Имплементацијата на меѓународно призната методологија за мерење и откривање на емисиите на стакленички гасови на нашето кредитно портфолио и инвестиции го зајакнува нашиот сопствен пристап, но во исто време ги интегрира нашите пазари во глобални системи“, објаснува Менаџментот на ПроКредит Холдинг AG & Co KGaA, матична компанија на групацијата ПроКредит.

Деловниот пристап на групацијата ПроКредит не само што има за цел да го намали влијанието врз внатрешната и надворешната средина, туку и промовира заеми и инвестиции кои имаат позитивно влијание врз животната средина.

На пример, според сеопфатните критериуми на групацијата за исклучување (види Кодекс на однесување), секоја кредитна операција подразбира проценка на еколошките и социјалните ризици како составен дел од анализата на кредитниот ризик. Целта на ова е да се минимизира ат ризиците и да се процени потенцијалното влијание на инвестициите.

За прашања од новинари, Ве молиме контактирајте со:

Андреа Кауфман, Комуникации на Групацијата, ПроКредит Холдинг

Тел.: +49 69 951 437 138

Е-пошта: Andrea.Kaufmann@procredit-group.com

или со:

Анжелика Афандор, Менаџер, Секретаријат за PCAF

Е-пошта: info@carbonaccountingfinancials.com

 

 

За ПроКредит Холдинг АГ и ко. КГаА

ПроКредит Холдинг АГ и ко КГаА, со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е компанија-мајка на групацијата ПроКредит која е развојно ориентирана и составена од комерцијални банки за мали и средни претпријатија (МСП). Покрај работниот фокус во Југо-источна и Источна Европа, Групацијата ПроКредит исто така е активна во Јужна Америка и Германија. Со акциите на компанијата се тргува на делот Прајм Стандард од Франкфуршката берза. Во главните акционери во ПроКредит Холдинг АГ и ко. КГаА спаѓаат стратешките инвеститори Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest (инвестициски инструмент на вработените во ПроКредит), the Dutch DOEN Participaties BV, KfW Development Bank и IFC (дел од Групацијата на Светска банка). Како надредена компанија според Германскиот закон за банкарство, ПроКредит Холдинг АД и Ко. КГаА е под надзор на консолидирано ниво од страна на Германските федерални финансиски надзорни власти (Bundesanstalt für Finanzdienstleistungsaufsicht, BaFin) и германската Бундесбанк. Сите останати информации се достапни на интернет на www.procredit-holding.com

 

За Партнерството за сметководствени финансии за јаглерод (PCAF)

Во септември 2019 год., беше лансирано Партнерството за сметководствени финансии за јаглерод (PCAF) на глобално ниво. Во моментот, повеќе од 140 банки и инвеститори се придружија на иницијативата PCAF. Учесниците на PCAF работат заедно за развој на Глобалниот стандард за сметководство и известување за стакленички гасови за финансиската индустрија за мерење и откривање на емисиите на стакленички гасови од нивните заеми и инвестиции. Притоа, учесниците на PCAF преземаат важен чекор кон проценка на ризиците поврзани со климата, поставување цели во согласност со Парискиот договор за климата и развивање ефективни стратегии за декарбонизирање на општеството. За дополнителни информации одете на https://carbonaccountingfinancials.com/