Оглас за вработување - Стручен за развој на производи и деловна поддршка

Продолжете да се развивате со ПроКредит Банка

Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на нашата компанија,  и сте љубопитни за другите земји и култури аплицирајте за работа во ПроКредит Банка.

1

ПроКредит Банка вработува - Стручен за развој на производи и деловна поддршка

Потребни вештини/знаење:

  • Завршено високо образование
  • Искуство во истражувања на пазарот
  • Искуство во областа на електронски канали вклучувајќи и електронско и мобилно банкарство како и дигитално потпишување на документи
  • Развој на стратегии за движењата на пазарот со анализа на однесување на конкуренцијата и клиентите
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за тимска работа и работа под притисок со крајни рокови
  • Способност за толкување и анализа на голема количина на податоци и изработка на извештаи и презентации
  • Способност за решавање проблеми и можност за самостојно работење без надзор од претпоставен
  • Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација на сите нивоа
  • Силно аналитичко и критичко размислување

АПЛИЦИРАЈТЕ!

Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на Mkd.Job@procredit-group.com не подоцна од 15.04.2021.

Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Воедно во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање, а кои ќе бидат во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.procreditbank.com.mk).

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.

Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.