ПроКредит Банка и компанијата Алмеро заедно во поддршка на економијата со отварање на нови производствени погони и работни места во земјата

11

Комапнијата Алмеро е првата и единствената фабрика во земјата и во регионот специјализирана за производство на душеци за спиење уште од 2002 година.

Компанијата АЛМЕРО почна со продажба на душеци во 2002 год во некои Балкански земји.

Во 2004 год со одлука на Генералниот директор Мухамер Ризванче, се отвара фабрика со највисока технологија за производство на најквалитетни производи- душеци.

„Веќе долги години ги следиме светските стандарди и иновации како и најсовремените технологии во изработка на висококвалитетни душеци, со тоа што во меѓувреме почнуваме и со изработка на кревети со најновата технологија и добиваме производ со висок квалитет.

Нудиме богата палета на производи од душеци со жичано јадро со различни карактеристики, до душеци изработени од природни материјали без пружини, како и душеци со латекс, кокосови влакна, влакна од камила, па се до перници.

Со отварањето на новата фабрика од 15.000м2 затворен простор имаме цел за отварање на нови на продажни салони, ширење на производствен погон и нови 500 работни места.“

11

Компанијата Алмеро, долги години ја претставува С.Македонија на светскиот пазар со нашите производи, кои се со врвен квалитет и уникатност.

„Со добивање на многу бројни признанија, пофалници, награди ние знаеме дека задоволството на клиентите е огромно, но сепак нашата мотивација за изработка на производи со врвен квалитет и најнови технологии е уште поголема.“

,,ПроКредит Банка е наш партнер во секојдневното работење,нудејќи ни навремена,квалитетна и целосна  подршка на бизнисот во делот на банкарското работење.Нивната целосна автоматизирана и дигитална платформа ни овозможува брзина, ефикасност и 24 часовна подршка за процесирање на нашите трансакции во било кое време. Имаме назначен советник, кој е достапен за нас за сите прашања поврзани со банкарското работење и кој ни дава релевантни и квалитетни совети. Регионално присуство на банката соодветствува со регионалното присуство на Алмеро, со што се овозможува лесно комуницирање меѓу сестринските банки при потреба.

Исто така, со континураната поддршка од нашиот бизнис партнер ПроКредит банка лесно ги планираме и реализираме сите нови проекти, како што е градењето и отварањето на новата фабрика. Да се има ваков парнер од доверба значи само поголема мотивација за произведување на врвни и квалитетни производи, како и унапредување и позиционирање на бизнисот како на домашниот така и на светскиот пазар.“ – изјавија раководните лица на компанијата Алмеро