ПроКредит Банка и компанијата Коро заедно за развој на органското производтсво на чаеви

Дали знаете дека чаевите на КОРО се македонски производ со органски билки набрани од прекрасните планини во земјата?

Компанијата КОРО која веќе 28 години успешно работи на македонскиот пазар е специјализирана за развој, производство и пласман на брендот КОРО чаеви. Со своето работење и специјализација за селекција и производство на чаеви и зачини од најквалитетните органски билки оваа компанија е одличен амбасадор на нашата татковина во повеќе европски и прекуокеански земји каде овие производи може да се најдат во локалните маркети и се особено ценети од потрошувачите поради нивниот врвен квалитет. Тие се пример за компанија која придонесува за развој на домашната економија, зголемување на вработеноста и проширување на квалитетните македонски производи на странски пазари.

1

ПроКредит Банка го препознава потенцијалот на оваа компанија и преку комплетна понуда на сет услуги за финансирање и тековно банкарско работење им овозможува непрекинато спроведување на својата дејност во земјата и странство.

3

“Горди сме за успешноста на нашата команија и продолжуваме да пласираме нови производи, чаеви и зачини со висок квалитет и понатаму. Континуирано ги следиме случувањата на пазарот и се прилагодуваме на барањата на потрошувачите. Поддршката од страна на ПроКредит Банка е дополнување на визијата која ја имаме за оваа компанија и ни помага за остварување на сите тековни предизвици и развојни планови за во иднина. Благодарни сме на ПроКредит Банка за нивниот професионален пристап кон секое наше барање, комплетно разбирање на бизнис моделот на компанијата и можноста да користиме дигитални банкарски платформи за сите наши потреби 24/7.”  - изјавија раководните лица на компанијата Коро