Вработените во ПроKредит Банка - најголеми шизици оваа есен!

Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален. Бидејќи токму овие вредности се карактеристични за младиот и динамичен тим на вработени во ПроKредит Банка, а по повод својот 17-ти роденден, Банката им  заблагодари на своите вработени на еден интересен и невообичаен начин.

1

Имено, во соработка со македонскиот моден бренд “Шизик на ризик”, ПроKредит Банка на своите повеќе од 200 вработени им подари лимитирано издание на маица Шизик на ризик ексклузивно дизајнирана и произведена за таа намена.

 12

Инспирација за дизајнот креативниот тим на Шизик на ризик најде во ретро велосипедските дресови, раскажувајќи приказна за еден смел велосипедист кој вози под боите и името на тимот наречен ПроKредит, храбро надминувајќи ги сите препреки и предизвици.

Преку овој одличен пример за автентична соработка помеѓу македонски моден бренд и банка, институцијата на вработените им покажа респект и благодарност за индивидуалните залагања и придонес кон тимскиот успех.

 1223

Маицата “Racer” е изработена од чист чешлан памук, има контрастни рабови на ракавите и околувратникот, а во хармонична целина ги спојува името и боите на Банката, како и потписот на возачот - Шизик На Ризик. Целата количина на произведени маици, во пакување кое содржи и подарок од Преплет, е поделена на вработените во ПроKредит Банка.