Интервју Емилија Спировска, член на Управен одбор - ПроКредит Банка со право ја ужива довербата на банка партнер на бизнисот

1

 

1. Какo влијаеше појавата на Ковид-19 кај Вас и компаниите– клиенти на ПроКредит Банка?

Динамиката на нашето работење остана непромената. Гужвите и редиците не се случај во нашите филијали, бидејќи веќе петта година работењето со нашите клиенти се одвива по пат на дигитални канали. Клиентите се во можност сите операции со Банката да ги извршуваат од нивните канцеларии или од дома, без притоа да се изложуваат на непотребни здраствени ризици од физичка посета во Банката.

Без разлика дали се работи за период на криза или развој, ние како вистински партнер на бизнисот сме секогаш достапни и максимално фокусирани во работењето со клиентите. Нашите советници за бизнис клиенти се во секојдневна комуникација со компаниите, посветени да ги ислушаме потребите и проблемите на секој од нив и да понудиме предлог решение, скроено за секој бизнис поединечно.

По првиот шок во март кога сите компании беа затекнати од новонастанатата ситуација, следеше период кога дел од нив се реорганизираа и добар дел од нив брзо се прилагодија и продолжија да работат со нова бизнис стратегија, покажувајќи отпорност и агилност во  пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19.

Анализата на нашите клиенти  покажа дека најпогоден сектор е туризмот, хотелиерството и угостителството. За нив во најкраток можен период преземавме мерки како што се мораториум, грејс период или пак дополнителни средства за обрт. Втор најпогоден сектор е транспортниот, посебно делот на транспортот на патници, каде речиси половина од компаниите имаат намалено ниво на приходи.  Од друга страна, градежните и производствените компании, особено оние кои работат во сегментот земјоделие најдобро се носат со кризата, и до сега, кај мал дел од нив забележавме негативно отстапување од реализацијата на нивните планови.

Сепак, кризата сеуште не е завршена и неизвесноста останува. Ние како Банка сме во константна комуникација со нашите клиенти и правиме редовно следење на развојот на ситуацијата во компаниите, се со цел да дадеме навремена поддршка доколку има потреба за истото.

2

​​​​​​​2. Реалниот сектор е еден од сегментите кој што е најпогоден од кризата. Банките се сметаат за една од алките кои ќе помогнат во заздравувањето. Како се вклучувате вие во оваа поддршка?

Со појавата на кризата, предвидливоста и стабилноста, како два клучни фактори за нормално функционирање на бизнисите изостануваат, затоа ние како Банка имаме обврска да ги поддржиме нашите клиенти полесно да се справат со ново настанатата ситуација.

Тоа што е многу важно за нас како банка е дека добро ги познаваме нашите клиенти, нивната историја, силните страни, но и предизвиците со кои се соочуваат во своето работење. Неизвесноста е само една варијабла од работењето на бизнисот, па и неизвесноста која ја носи оваа криза нема да не поколеба да се повлечеме од поддршка на нашите партнери. Токму спротивно на тоа, со детална анализа на развојот на бизнисот, разработка на бројни сценарија под различни претпоставки, ги утврдуваме потребите на клиентот и пристапуваме на финансирање. Нашиот тим располага со знаење и искуство, а тука е и ентузијазмот заедно со клиентите да навигираме кон полесен излез од кризата, но и остварување на зацртаните цели за развој пред неа.

Како резултат и потврда на успехот на нашиот пристап ПроКредит Банка бележи одлични резултати во работењето оваа година. Во услови на пад на портфолиото на кредитирање на правни лица во банкарскиот сектор од 10 милиони евра, заклучно со крајот на октомври, за истиот период ПроКредит Банка забележа раст од 36 милиони евра на портфолиото на кредитирање на правни лица.

3. Со кои мерки им олеснувате на погодените компании?

Пред се, реагиравме брзо и ефикасно. Веќе на почетокот на aприл, непосредно по појавата на Ковид 19 во нашата земја, сите наши клиенти беа исконтактирани и оние кои веќе беа или очекуваа да бидат погодени од кризата добија пролонгација на ратите или пак дополнителни средства за обрт.

Од друга страна клиентите кои решија да продолжат со финансирање на планираните инвестиции беа поддржани со кредити со каматна стапка од 1.6% овозможени од Развојната Банка на С. Македонија.

12.5 милиони евра или 25% од вкупниот расположлив фонд од оваа линија, беше пласиран токму преку ПроКредит Банка, каде побарувачката од нашите клиенти ја надмина расположливата понуда за овој фонд. Покрај тоа, за поголемите капитални проекти во доменот на производството и земјоделието нудиме можност за финансирање на инвестициите директно од ПроКредит Банка Германија. Ова кредитирање е достапно под одлични услови, со доста ниски каматни стапки, под просекот на моменталната понуда во македонскиот банкарски сектор.

Поддршка има и во делот на обезбедување на кредитите, каде единствено во Прокредит Банка компаниите имаат пристап до Инновфин гарантната шема. Користењето на оваа гарантна шема е од голема помош за компаниите кои немаат потребно кредитно обезбедување , а со почетокот на кризата имаат потреба од користење на дополнителни средства, пред се за зачувување на ликвидноста на бизнисот. Од почетокот на Ковид кризата, па се до крајот на октомври, со користење на оваа гарантна шема поддржавме 150 компании преку исплата на 73 милиони евра, кредити за ликвидност и инвестиции.   

Покрај ова, максимално сме посветени и на континуирана надградба на нашата дигитална платформа со која на клиентите им овозможуваме брза, ефикасна и сигурна комуникација со Банката. Со развојот на нашата  “sign in” платформа (дигитална платфрома за потпишување договори), се дигитализира процесот на кредитните и административните барања на клиентите, така што најголем дел од нив немаат воопшто потреба да доаѓаат во нашите филијали. Потпишувањето на барањата и договорите за кредити и гаранции, но и останати административни документи од сега може да се прави по електронски пат- брзо, едноставно и пред се сигурно. 

Со овој сет на мерки, преку брз и ефикасен процес на одобрување на барањата од клиентите, банката ги поддржува капиталните проекти на компаниите, како и зголемената потреба од обртен капитал. Заклучно со крајот на октомври пласиравме над 13 0 милиони евра кај нашите бизнис клиенти за финансирање на нивните инвестиции и обртен капитал, докажувајќи уште еднаш дека со право ја уживаме довербата на Банка партнер на бизнисот.

3

4. Можно ли е оваа криза во стопанството на некаков начин да се прелее и во финансискиот сектор? Дали има влошување на квалитетот на кредитното портфолио?

Квалитетот на портфолиото во ПроКредит Банка е на традиционално добро ниво и изнесува 1.6% заклучно со месец октомври, непроменето од периодот пред Ковид кризата. Нашите очекувања се дека и покрај неизвесноста во периодот кој следи, нема да имаме значително влошување на овој показател. Сепак ги следиме и правиме редовни анализи на клиентите и сегментите погодени од кризата, Иако во моментот кај најголем дел од нив нема знаци на влошување во клучните параметри од работењето, спремни сме заедно да превземеме мерки со цел да овозможиме подршка и континуитет во работата кај овие компании.

5. И Народната банка преземаше некои мерки во кризата, во меѓувреме беше одземена дозволата за работа на една банка. Каква според вас е монетарната поставеност и стабилноста на банкарскиот сектор?

Од самиот почеток на кризата Народната банка реагира брзо, со воведување на мерки  за поддршка на економијата, како преку инструментите на монетарната политика, така и со направените промени во законската регулатива која се однесува на банките.

При донесувањето на мерките Народна Банка беше во постојан контакт со деловните банки кои преку Македонската банкарска асоцијација активно соработуваа со цел успешно справување со предизвиците настанати од здравствената криза. Банките ја дочекаа кризата добро капитализирани и ликвидни. Квалитетот на кредитното портфолио е на релативно високо ниво во банкарскиот сектор и истиот континуирано се подобрува.  

Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити во банкарскиот сектор, согласно последните расположливи податоци е  3,4%, што е историски гледано најниско ниво до сега.  И во услови на криза, банките продолжија со кредитирањето. Каматните стапки на кредитите имаат благ тренд на намалување. Паралелно со кредитирањето растат и депозитите на граѓаните и компаниите. Заклучно со октомври, вкупните депозити на граѓаните бележат годишен раст од 5,1%, додека вкупните депозити на компаниите бележат годишен раст од 4.8%. Ова секако зборува за довербата која граѓаните и компаниите ја имаат во финансискиот систем.