ПроКредит Банка и компанијата КМГ ЕОЛ Квазар поттикнуваат иневстиции во обновливи извори на енергија

Компанијата КМГ ЕОЛ КВАЗАР e основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електрична енергија, помагаат и во заштитата на животната средина во борбата со климатските промени.

Дејноста на КМГ ЕОЛ КВАЗАР се состои од: набавка на опрема за соларни системи и ЛЕД светилки, монтажа и инсталација, одржување на системите, замена на постоечко осветлување, системи за фотоволтаични централи по принципот „клуч на рака“ и креирање проекти согласно со индивидуалните барања на клиентите.

1

Пиксел Гроуп е поврзана компанија на веќе постоечката компанија  КМГ ЕОЛ Квазар, основана во 2017 година, која е специјализирана за производство на фотоволтаични панели за електрична енергија. Главната дејност на Пиксел Гроуп е консалтинг, проектирање и изведба на фотоволтаични централи.

2

Пиксел Гроуп е лидер во својата дејност и придонесува за диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата, зголемување на свесноста за користење на обновливи извори на електрична енергија и креирање конкурентност на пазарот во поглед на понуда за фотоволтаичните панели.

3

Во тој поглед ПроКредит Банка ја препозна нашата визија за инвестиција во производство на фотонапонски панели и ни овозможи целосна финансиска поддршка за реализација на проектот.

Како наш долгогодишен партнер ПроКредит Банка ни нуди навремена, квалитетна и целосна поддшка во делот на банкарското работење. Целосно автоматизираната дигитална платформа ни овозможува брзина, ефикасност и 24 часовна поддршка за процесирање на нашите трансакции во било кое време.“ – изјави Горанчо Пауновски, сопственик на КМГ ЕОЛ КВАЗАР