ГОЛЕМ БРОЈ ПРИДОБИВКИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Започнувајќи од 01.03.2017 воведуваме СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ за физички лица, кој вклучува професионална банкарска услуга од советник за клиенти и голем број на придобивки, прилагодени на Вашите потреби преку преку Зона 24/7 и е-банкарство.
Сетот банкарски услуги Ви е овозможен за месечна провизија од 120 ден, која ќе почне да се тарифира од месец Март и ќе се наплатува на крајот на секој календарски месец од Вашата трансакциска сметка.
Како клиенти на ПроКредит Банка која Ви нуди 24 банкарство и пристап до Вашите сметки во секое време, за работа со банката ќе Ви биде потребно да користите СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ. Сетот вклучува картички за банкомати за плаќања во продавници и на интернет, електронско банкарство како и СМС нотификација. Дополнително, како екстра придобивка сите денарски плаќања во земјата преку е-банкарство ќе можете да ги реализирате БЕЗ ПРОВИЗИЈА.
Повеќе не е потребно да плаќате за сите услуги поединечно, сега е сè вклучено во една единствена провизија, која е лесно да се следи на Вашиот месечен извод.
Уникатните предности на услугите се следните:
• Сметки во сите валути
• Дебитна картичка
• Картичките на ПроКредит Банка се мултивалутни
• Со само една картичка имате пристап и преглед на трансакциските и штедни сметки на банкомат во МКД и ЕУР
• Со картичката можете да штедите, да уплаќате и повлекувате од Вашата штедна сметка на банкомат 24/7
• Интернет картичка
• За безбедни плаќања на интернет
• Имате потполна контрола на салдото на картичката преку електронско банкарство
• Електронско банкарство
• За плаќања од Вашиот дом или канцеларија
• Плаќања на комуналии и трансфери во земјата и во странство
• Опција за менувачница на сопствени сметки
• СМС нотификации
• Практична информација за сите трансакции на Вашите сметки над 500 денари преку СМС порака на телефон
ИНФО: Доколку не користите дел од горенаведените услуги, потребно е да пополните апликација.
• Бонус: бесплатни денарски плаќања во земјата
• Сите регуларни (КИБС) плаќања преку електронско банкарство за комуналии, интерни плаќања како и плаќања кон други банки – се без провизија.
• Зона 24/7
• Безбедни и сигурни локации каде можете да уплаќате и повлекувате готовина на современи и модерни банкомати
• Единствени Cash IN банкомати за уплати и исплати во ЕУР
• Инфо терминал на кој можете да плаќате на електронско банкарство со токен или да испечатите извод од сметка
• Мобилна апликација
• Инсталирајте ја мобилната апликација на ПроKредит Банка на Вашиот мобилен телефон (пристапете на Android или IStore)
• Имајте преглед на сите Ваши сметки и информации во ПроКредит Банка