Што e енергетска ефикасност?
Енергетска ефикасност e извршување иста или поголема количина активности со исто или помало количеството потрошена енергија (топлинска, електрична) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата.
Што e обновлива енергија?
Обновлива енергија е енергијата која се обновува брзо преку природните процеси. Обновливи извори на енергија се сонце, ветер, вода, геотермална или биомаса. Предноста на овие ресурси е тоа што тие се во неограничени количини и нивното користење не ја загадува околината.
Што се постигнува со енергетско ефикасни инвестиции во Вашиот дом?
- Се намалуваат трошоците за енергија
- Поефикасно греење, ладење и заштеда на средства
- Зголемена топлинска удобност во просторот за живеење
- Поквалитетен живот во Вашиот дом
- Избегнување на ризичноста од разни болести предизвикани од материјали штетни по здравјето
- Придонес за здрава животна средина со користење на обновливи извори на енергија и намалување на штетните влијанија кон околината
Зошто енергетско ефикасни инвестиции за Вашиот бизнис?
- Намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и намалување на трошоците за енергија
- Стекнување конкурентска предност со користење на енергетско ефикасни машини и опрема
- Автоматизација на процесите во работењето
- Поздрава работна околина
- Поефикасно управување со ресурсите
- Поврат на инвестицијата
- Промена на навиките на однесување на вработените во насока на порационално користење ресурси
Што е ЕКО-кредит?
ЕКО кредитите се наменети за инвестиции во проекти кои имаат ефект заштеда на енергија, зголемување на енергетска ефикасност и намалено загадување на атмосферата со CO2. ЕКО кредитите можат да ги користат домаќинствата и бизнис секторот.
Што може да се финансира со ЕКО-кредитите?
Со ЕКО-кредитите може да се финансираат проекти како, на пример:
Во станбени објекти или канцеларии:
- Инвестиции во подобрување на изолацијата на веќе постоечки или нови објекти
- Инсталација на нови прозорци и врати
- Соларни панели за добивање топла санитарна вода
- Фотонапонски панели за добивање електрична енергија
- Централизирани системи за греење, ладење и вентилација
- Ефикасно осветлување – поекономични светилки и системи за регулација на светлината
- Промена на типот на гориво кое се користи
- Електрични / хибридни автомобили
Во индустриски и земјоделски сектор:
- Инвестиции во веќе постоечки и нови објекти кои ќе бидат енергетски ефикасни
- Обнова на транспортни средства (електрични или хибридни возила)
- Енергетско ефикасна опрема и машини за производство
- Системи за автоматска регулација на греење, ладење, осветлување итн.
- Обнова на воздушни компресори
- Индустриски светлосни системи за заштеда на енергија
- Земјоделска механизација со која се заштедува енергија и се постигнува поголема ефикасност во работењето (комбајни, берачи, мелачи, млинови, мотокултиватори и сл.)
- Системи за наводнување во земјоделството
- Користење обновливи извори на енергија
- Обнова на градежна механизација со купување на нови машини
- Системи за греење и одржување на температурата во пластеници и оранжерии, итн.