foto-voltaici

 

Кредит за инвестиции во фотоволтаици

ПроКредит Банка како дел од меѓународна групација на банки, кои се стремат кон намалување на негативното влијание кон животната средина, активно ја поддржува идејата за зголемување на енергетската ефикасност и само-одржливост на компаниите.

Сопственото искуство и позитивните ефекти од фотоцентрала за сопствени потреби го споделуваме со нашите клиенти -  компаниите и ги поддржуваме со советодавна услуга како и со поволни услови за финансирање на ваков тип на инвестиција.

ПроКредит банкa има финансирано 10 MW за ваков тип на проекти во земјата, кои придонесуваат за преку 8.000 тони намалување на CO2 емисии во воздухот.

 

Енергијата од сонцето е чиста и исплатлива за бизнисите во Македонија. Нашата земја има повеќе од 280 сончеви денови годишно, а производството на една фотонапонска централа може да достигне од 1200 до 1400 kWh годишно, што е далеку над европскиот просек.

 

Трошоците за електрична енергија може да се намалат и над 30%, вишокот произведена енергија може да се пласира на пазарот, а поврат на вкупната инвестиција може да се очекува за 5-7 години. Покрај финансиското олеснување на долг рок, компаниите придонесуваат и за намалување на емисиите на CO2 во воздухот и ја покренуваат свеста за одржливи проекти во земјата.

 

Фотоволтаичните системи за бизнисите - сега достапни преку кредитите на ПроКредит Банка.

Сите заинтересирани правни лица за инсталација на фотоволтаичните системи можат да ја затворат финансиската конструкција со еко-кредитите на ПроКредит банка.

ПроКредит ви нуди:

кредитна линија за сите правни лица

стимулативна каматна стапка од 3%

0% провизија при исплата на кредитот

 

Компаниите партнери за реализација на инвестицијата ви нудат:

персонализирано решение за вашиот бизнис - услуга „клуч на рака“

анализа на потрошувачка и карактеристики на објект

конфигурација, набавка и инсталација на системите

*Во услови на континуиран раст на цените на струјата, можноста компаниите сами да произведуваат електрична енергија и да задоволат дел од сопствената потрошувачка, значајно заштедува на сметките за струја.

 

 

Пополнете ги полињата за повеќе информации за понуда креирана согласно вашите потреби:

Согласност за правилата и условите Одговорно тврдам, под морална, материјална и кривичнаодговорност дека податоците наведени во барањето се вистинити. Се согласувам да погоре наведените податоци бидат обработени од страна на ПроКредит Банка А.Д. Скопје за потребите на електронското барање за кредит за инвестиции во фотоволтаици. Во случај да не дојде до склучување на деловен однос со Банката се согласувам истите да бидат избришани од базата на Банката.