ЕИБ – Европска инвестициска банка

1

 

Европската инвестициона банка обезбедува кредити за МСП

 

Преку договор со Европската инвестициона банка (ЕИБ; www.eib.org)  ние ги помагаме малите и средни претпријатија (МСП) [и претпријатијата што имаат помалку од 3 000 вработени (MidCaps)] преку обезбедување пристап до непроценлив извор на пониски трошоци за финансирање и флексибилни рокови на отплата.

 

Европска соработка во корист на МСП

 

ЕИБ е банка на Европската унија за долгорочна кредити; нејзината улога е да финансира инвестициски проекти за поддршка на целите на политиките на ЕУ. Со цел да се поддржи надворешната активност на ЕУ, со одлука на Европскиот парламент и на Советот, на ЕИБ ѝ се доделува Надворешен Мандат[1] за финансирање на соодветни проекти надвор од ЕУ.

 

Благодарение на својот најдобар можен рејтинг на пазарите на капитал (ААА), ЕИБ може да позајми средства по поволни услови, кои преку нас ги пренесува на МСП и на MidCaps. Ние конкретно и индивидуално ги информираме МСП и MidCaps за вклученоста на ЕИБ и за нејзиното влијание врз финансиските услови на примениот кредит. Подетални информации во врска со поддршката на Групацијата на ЕИБ за МСП и MidCaps може да се најдат на веб-страницата на ЕИБ (www.eib.org).

 

Што е финансирање од ЕИБ?

 

ЕИБ ја зајакнува својата поддршка за МСП и MidCaps помагајќи му на овој важен сектор да пристапи до нови витални кредитни линии. Рокот на отплата кредитот е минимум 2 години (вистинскиот рок на отплата на кредитот ќе зависи од економскиот и техничкиот век на финансирање на проектот) и може да се искористи за финансирање на многу мали проекти до максимални инвестиции од 25 милиони евра. Придонесот на ЕИБ, сепак, не може да надмине 12,5 милиони евра.

 

Кој може да аплицира за кредит од ЕИБ?

  • Локални МСП со помалку од 250 вработени на консолидирана основа пред инвестицијата;
  • Локални MidCaps со помалку од 3 000 вработени на консолидирана основа пред инвестицијата;
  • Повеќето економски сектори ги исполнуваат условите, со неколку исклучоци меѓу производителите на оружје и муниција, воена или полициска опрема или инфраструктура, опрема или инфраструктура што ги ограничува индивидуалните права и слободи на луѓето, активности кои влијаат на животната средина, активности кои се сметаат за етички или морално контроверзни или забранети со националното законодавство, активности насочени кон производство или продажба на стоки кои се предмет на дело што предизвикува повреда на трговска марка или географска ознака, активности поврзани со коцкање и тутун.

За што може да се употреби кредитот од ЕИБ?

Кредитот од ЕИБ може да се искористи за финансирање на сите инвестиции и трошоци што се направени во контекст на развојот на МСП или MidCap т.е.:

  • Материјални инвестиции: набавка, реновирање или проширување на материјален имот, со некои ограничувања во врска со купување на земјиште.
  • Нематеријални инвестиции: особено трошоците за истражување и развој, купување на процесни лиценци и софтвер.
  • Среднорочни и долгорочни побарувања за обртни средства потребни за оперативна активност на МСП или MidCap.

Кои се придобивките за вашиот бизнис?

  • Можете да добиете поволни каматни стапки [подолги рокови на отплата] во споредба со стандардните услови за деловно кредитирање.
  • Можете да преговарате за рокот или фреквенцијата на отплата на кредитот за да биде во согласност со околностите и барањата на готовинскиот тек на вашата деловна активност.
  • Ви овозможува значително инвестирање во вашата деловна активност без негативно влијание врз вашиот готовински тек или ликвидност.

Што се очекува за возврат?

 

Во случај ова да го побара ЕИБ, (а) по разумно известување, треба да им дозволите на претставниците на ЕИБ да ги посетат и да ги прегледаат сите локации, инсталации и работи кои се дел од проектот што е предмет на кредитот; и (б) може на ЕИБ да ѝ обезбедиме информации за вас.

 

Ве молиме контактирајте го нашиот Менаџер за врски или посетете ја нашата локална филијала за да дознаете дали вашето претпријатие ги исполнува условите за финансирање преку „Кредитите за МСП“ или „Кредитите за MidCaps “ на ЕИБ.